Двајца починати на Инфективна, 36 нови случаи на Ковид 19

Од:

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти, двајца од Кочани и тројца од Скопје, кои се лекувале во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот, соопштува МЗ.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-22, Куманово-4, Прилеп-3, Струга-3, Велес-3, Битола-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

 Скопје – 389
 Куманово – 310
 Дебар – 51
 Штип-32
 Прилеп –103
 Тетово – 48
 Струга – 53
 Велес – 43
 Битола –16
 Охрид –7
 Кавадарци – 4
 Гостивар –12
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-4
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 26
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен ф-тет -20, Авицена –22, Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130. Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 8 Ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информира Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска