Двајца починати и 21 новозаболени од Ковид-19 во земјава

Од:

Двајца починати, 21 новозаразен и 38 оздравени пациенти. Ова се податоците од последниве 24 часа за состојбата со Ковид-19 во земјава.

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина пациент на 51-годишна возраст, чиј позитивен резултат на Kовид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени биле 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово – 6, Прилеп – 4, Тетово – 1, Пехчево – 1, Делчево – 1, Струга – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 38 оздравени пациенти, од кои најмногу, 19, во Скопје, девет во Струга, четворица во Битола и по тројца во Тетово и во Гостивар.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442.

Бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

       Скопје – 493
       Куманово – 384
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –147
       Тетово – 76
       Струга – 66
       Велес – 69
       Битола –19
       Охрид –15
       Кавадарци – 5
       Гостивар –17
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-5
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 28
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -7
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 2
       Делчево-1
       Валандово -1
       Виница – 2

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски