Двајца пациенти од Кочани кои се лекуваат во Ниш се во стабилна состојба

Од:

Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани (8 и 24 години), кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Во Соопштение од нишкиот Клинички центар се нагласува дека „нивната здравствена состојба е стабилна“.

Пациентите беа примени во Воената болница во Ниш, а потоа префрлени на Универзитетскиот клинички центар во тој град.

„Жената (45), која е и најтешко повредената пациентка од пожарот во Македонија и е хоспитализирана во Универзитетскиот клинички центар Ниш, се уште е на одделението за Интензивна нега. Таа е во стабилна постоперативна состојба, веќе не е на респиратор и самостојно дише. Свесна е, но се уште не може да зборува, но е комуникативна“, соопштија од УКЦ во Ниш.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Продолжена е оперативната лиценца на NIS

Горан Наумовски

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност