Двајца од повредените во сообраќајката на патот Велес-Извор препратени во Клиничкиот центар во Скопје

Од:

Двајца од вкупно 16 повредени лица во сообраќајната незгода што се случи попладнето меѓу две комбиња на регионалниот пат Велес – село Извор препратени се на понатамошно лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност, информира д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

На лекување во Скопје се препратени 57 годишен возач на комбе со повреда на главата и 55 годишен патник со повреда на лакт.

Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош ја напуштија и до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили.

Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес потврди дека се случила сообраќајка меѓу патничко и товарно комбе во 14,50 часот после крстосницата кон село Војница на угорницата кон Чашка. Екипи на СВР Велес извршиле увид за причините на сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски