Двајца од Челопек ќе се соочат со глоба за организирање борба со кучиња

Од:

Борба со кучиња во месноста Бриони кај Челопек била пријавена телефонски во полициското одделение во Жеровјане вчера околу осум часот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

По добиената пријава полициска екипа излегла на увид при што било потврдено дека А.Ф.(37) и М.Е.(37) и двајцата од Челопек биле организатори и сопственици на кучињата што се бореле.

– Нарушувањето на јавниот ред и мир било фотодокументирано и двајцата сопственици и организатори на борбата ќе се соочат со соодветни поднесоци за глоба согласно Законот за прекршоци на јавниот ред и мир што изнесува од петстотини до илјада евра во денарска противвредност, рече Јосифовски.

Според полициските податоци борба со кучиња како нарушување на јавниот ред и мир во Челопек била утврдена и на 13 февруари годинава по што организаторите исто така добиле соодветни поднесоци. Во посериозни случаи борбата со кучиња може да се третира и како кривично дело измачување животни.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски