Двајца обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар

Од:

Две лица се обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар, кои на 11 мај 2020 година биле затекнати како се движат без поседување на дозола.

– Во одделни кривично-правни настани, двајцата обвинети на 11 мај 2020 година, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик., соопштуваат од Јавното обвинителство.

Дебарското обвинителство за обвинетите до Судот поднесе предлози за издавање казнени налози со кои предложи за секој од обвинетите парични казни од 10 до 100 дневни глоби.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска