ВИДЕО: Двајца нови заболени од коронавирус

Од:

Бројката на заболени од коронавирус во земјава се искачи на девет лица. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека попладнево од сите испитани дванаесет пациенти, двајца од Дебар биле позитивни на коронавирусот.

Тие биле во контакт со двајцата сопружници и другото лице од Дебар кај кои веќе беше детектиран вирусот, биле соседи и во честа комуникација.

Останатите лица кои живееле во истата куќа се негативни на вирусот, информираше Филипче.

Како што информираше министерот претходно, седумте пациенти со коронавирус се со лесна клиничка слика, дишат сами без машина за вентилирање, првозаболената пациентка има втор негативен тест и наскоро ќе биде пуштена од Инфективната клиника на домашно лекување. Состојбата на сите лица кои се во домашна изолација е добра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

ВИДЕО: Филипче го нарече Мицкоски „малиот Вучиќ“ и обвини за подривање на СДСМ финасирано од Алта банка

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации