Двајца моторциклисти тешко повредени во сообраќајка на Голак

Од:

Двајца моторциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила вчера на некатегоризиран пат на планината Голак.

МВР соопшти дека едниот теренски моторцикл бил управуван од Н.К.(26) од Делчево, а вториот моторцикл управуван од С.Г. (29) од с.Звегор – делчевско, при што моторциклот кој го управувал Н.К. се запалил и изгорел.

Во незгодата двете лица се здобиле со тешки телесни повреди, Н.К. со повреди на градниот кош и главата, додека С.Г. со фрактури на левата бутна коска и левата рака, како и повреди на главата. Лицата се пренесени во ЈЗУ-Делчево, од каде по укажаната лекарска помош се префрлени во Медицинскиот центар-Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица-Делчево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он