Двајца моторциклисти повредени во сообраќајка кај Враништа

Од:

Двајца моторциклисти се тешко повредени денеска во сообраќајна незгода патниот правец Струга – Дебар, во близина на селото Враништа.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека несреќата се случила околу 13 часот кога патничко моторно возило марка „Тигуан“ со струшки регистарски таблици удрил во моторциклистите со италијански регистарски ознаки.
– Незгодата е случена во момент кога „тигуанот“ се движел во правец од Струга кон селото Велешта, извршил непрописно престигнување на возило кое се движело пред него и директно удрил во моторциклистите, изјави Димоски.

Поврдените, според него, се пренесени во Општата болница во Струга, а подоцна еден од нив бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Моторциклистите, додаде Димоски, се надвор од животна опасност.

Сообраќајот се одвива тековно, за време на увидот сообраќајот се пренасочувал по алтернативни патишта.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа