Двајца мигранти загинаа откако „Ауди“ удри во полициско товарно возило

Од:

Двајца мигранти од Сирија загинале, а неколу други се потешко повредени откако синоќа патничко возило „Ауди Q7“, со скопски регистарски ознаки, удрило во запрено товарно полициско возило, на магистралниот пат Струмица – Штип, кај клучка Радовиш.

Од МВР денеска соопштија дека синоќа во 22.30 часот било пријавено дека на кај клучка Радовиш, „Ауди Q7“, управувано од непознато лице, во кое се превезувале 12 мигранти од Сирија, удрило во запрено товарно возило, сопственост на МВР.

– На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, се појаснува во соопштението од МВР.

Во периодот од 22.40 до 23.40 часот сообраќајот на наведениот патен правец бил во прекин, а потоа е пренасочен по спореден пат.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари