Двајца македонски планинари загинаа на Кајмакчалан, тврдат грчките медиуми

Од:

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, посочуваат грчки медиуми.

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви, се тврди во медиумите од Грција.

На местото каде што се пронајдени загинатите има спасувачки екипи кои со сите сили се обидуваат да ги извлечат телата на планинарите, пишуваат медиумите.

Временските услови на Кајмакчалан продолжуваат да бидат многу опасни, со оглед на снегот и најавените бури.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип