Двајца кумановци загинаа на патот Куманово-Крива Паланка

Од:

Двајца кумановци загинаа во сообраќајна несреќа што се случи утринава, во месноста Смиличинци на патот, Куманово-Крива Паланка.

Автомобилот во кој се возеле Д.Р (27) и И.Ѓ (27), поради неприлагодена брзина на условите на патот, подледица и навев на коловозот, удил во автобус со штипски регистарски таблички управуван од И.Г (41) од Пробиштип.

Возилото се превртело и излетало од патот, по што лекарите констатирале дека двете момчиња починале на лице место.

Увид на местото на настанот извршија истражен судија од Основен суд Куманово, јавен обвинител од Основно јавно обвинителство и екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он