Двајца градежни работници повредени на патиштата во изградба

Од:

Двајца градежни работници се повредени на патиштата што се во изградба во источниот регион на земјата.

Надлежните од СВР-Штип информираат дека вчера околу 15.00 часот било пријавено дека при извршување на редовни работни активности на автопатот во изградба Штип-Миладиновци, во селото Кадрифаково, 23-годишниот работник Ш.И. од тетовското село Вејце се здобило со тешки телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Истиот ден околу 9.30 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 47-годишниот А.Б. од село Новоселани, општина Чешиново–Облешево.

Според пријавеното, тој се здобил со тешки телесни повреди при работа на изградба на патот Пробиштип–Крупиште.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип