Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболија од коронавирусот

Од:

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболија од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека заболувањето на 11 доктори од Инфективното одделение-Куманово ја компромитира работата на тамошната болница. Тој кажа дека се прават епидемиолошките анкети, за да се утврдат контактите со други лица и да се спречи локалната трансмисија на вирусот.

„Во кумановската болница имаме 11 позитивни случаи позитивни на коронавирусот. Оваа броја ја компромитира работата на Инфективното одделение бидејќи и претходно имаше еден од останатите здравствени работници. Двајца доктори се упатени таму. Тие се од болницата од Скопје и Штип кои ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово.

Сеуште траат епидемиолошките анкети бидејќи има повеќе позитивни лица од рендген-дијагностика и во делот на општите лекари од дежурната служба. Врз основа на тие анкети, а и тоа колку лица ќе бидат во изолација, ќе се организира и останатиот дел од болницата“, рече Филипче.

Според него, мерката за продолжување на полицискиот час, ќе даде резултати за вирусот да не се шири.

„Тој ќе трае од денеска во 21 часот до понеделник во 5 часот. Од понеделник ќе трае од 16 часот до 05 часот следниот час. Ова е дискутирано вториот состанок, а треба да оневозможи ширење на вирусот. Можам да кажам дека иницијалниот откриен прв случај на здравствен работник беше за не цели 48 часа по контактот со починатата пациентка. Тоа носи заклучок дека вирусот циркулирал претходно. Уште тогаш, дополнително на тие мерки кои важеа во државата, се сопре градскиот и меѓуградскиот сообраќај во Куамново. Голем е ризикот за внатрешен пренос помеѓу луѓето кои живеат во самата општина. Тоа доведе до оваа мерка, за целосна рестрикција за да се прекине локалната трансмисија“, посочи Филипче.
Тој тврди дека е многу тешко да се каже дали сите здравствени работници се разболеле од првата пациенти.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме