А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца дебaрчани изработувале, чувале и тргувале оружје

by А1он30/09/2012 - 19:5030/09/2012 - 19:25177
Share0

Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 25-годишниот Ф.Б. и неговиот 26-годишен брат Г. Б. од Дебар, осомничени дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи’’.

Добивај вести на вибер

МВР денеска соопшти дека двајцата пријавени дебрани на 28-ми овој месец движејќи се со возило „Голф’’ по регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Жировничко анче’’, околу 15 часот и 30 минути биле запрени од полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор Жировница. При преглед на нивното возило, пред совозачкото седиште пронајдени се три торби во кои се наоѓале четири лимени сандаци со вкупно 2.170 куршуми за автоматска пушка, калибар 7,62 милиметри од кинеско производство, долго зрно.

Едниот од нив односно Г.Б се обидел да избега, додека неговиот помлад брат кој го управувал возилото, да ги фрли торбите покрај патот. Но, и двајцата осомничени набрзо биле совладани и приведени во Полицисјата станица за ГН Жировница, а потоа и пренесени во Полициската станица Гостивар.

Со кривичната пријава, вчера тие беа изведени пред Истражен судија на Основниот суд Гостивар, кој им определи мерка притвор од 48 часа.

mvr

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто