Дваесеттина повредени во судар на автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце

Од:

Патници и возачи на автомобил и на автобус се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот Куманово-Табановце, информираше денеска МВР.

Сообраќајката се случила во 21.50 на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, пред клучката за Крива Паланка помеѓу автобус „крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.А.(39) од Куманово и патничко моторно возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од Н.М.(28) од Куманово.

Во несреќата двајцата возачи и 19 патници од автобусот се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

-Повредените имаа телесни повреди, само еден е задржан за понатамошно иследување, изјави доктор Стефан Трајановски, хирург ортопед од кумановската општа болница.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа