Дваесет и пет возила исклучени од сообраќај заради техничка неисправност

Од:

Во последната акциска контрола, во чие средиште била техничката исправност на возилата, но и други видови сообраќајни прекршоци, полицијата утрово исклучила од сообраќај 25 возила од полошките сообраќајници. Во акцијата која се спроведувала утрово на повеќе локации во гостиварско и тетовоско.

– Со тетовската контрола вкупно опфатени се 79 возила, од кои 44 биле испратени на технички преглед. При тоа, кај осум откриени се неисправни сопирачки, кај двајца измината сообраќајна дозвола, еден возило имало истечена регистрација и така натаму. Поради овие недостатоци, 11 возила веднаш се исклучени од сообраќај, а на 17 возачи изготвени им се прекршочни платни налози, како и осум барања за поведување на прекршочна постапка, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифиски нагласува дека во последната контрола откриени се двајца возачи без положен возачки испит и тројца возачи-почетници кои не се придржувале на важeчките законски ограничувања, а регистрирани биле и десет други видови прекршоци.

Од 34-те технички прегледани возила на гостиварското подрачје, осум имале неисправни сопирачки, четворица истечена сообраќајна дозвола, двајца други недостатоци. Поради ова, 14 возила исклучени се од сообраќај, изготвени се исто толку прекршочни платни налози и две барања за поведување прекршочна постапка.

Би можело да ве интересира

АСО: Владата да ги намали цените на полисите за регистрација, потегот на осигурителните компании е неоправдан

Орце Костов

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

Орце Костов

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

Орце Костов

Налепниците „НМК“ ќе се делат од утре, бесплатни се

Македонските граѓани вложиле 87 милиони евра во осигурување на своите возила

Орце Костов

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов