Дваесет и тригодишник тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман

Од:

Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед во кавадаречката болница.

– Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар, рече докторот.

Од МВР потврдуваат дека околу еден часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман кај село Манастирец патничко моторно возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23 годишен кавадарчанец, излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он