Серија земјотреси повторно го потресоа охридскиот регион

Од:

Серија земјотреси ноќеска и изутринава повторно го потресоа охридскиот регион.

Првиот земјотрес, според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, е регистриран во 02:37 часот со магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 8 километри источно од Охрид на длабочина од 5 километри.

Вториот потрес се случил во 4:28 часот. Тој бил со магнитуда од 2,1 степен според Рихтер, со епицентар 5 километри источно од Охрид, на длабочина од 2 километри.

Третиот земјотрес бил регистриран во 04:41 часот. Бил со магнитуда од 3 степени според Рихтер, со епицентар 8 километри источно од Охрид на длабочина од три километри.

Последниот во серијата земјотреси се случил во 08:34 часот. Земјотресот бил со магнитуда од 2,7 степени, исто така, со епицентар во близина на Охрид.

Земјотресите не предизвикаа никакви материјални штети, но дополнително ги вознемирија жителите на Охрид и околните населени места, кои веќе неколку дена се сведоци на тресење на тлото.

Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје. Истовремено тие уверуваат дека не треба да се очекуваат да се случат земјотреси со поголема магнитуда, оттаму што со секој изминат земјотрес се губи потенцијалот за поголем потрес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски