Вчера имало 2 смртни случаи во казнено поправниот дом „Идризово“ од кои што едното лице има 52 години и боледувало од астма. Лицето добило воспаление на плуќата, бронхоплеумонија. Другото лице, имам информација дека било тепано до смрт од страна на командирите и тие се револтирани зошто во јавноста не се пренесуваат информации за нивната безбедност каде што во последната година има некаде околу 10 смртни случаи токму поради насилното однесување на чуварите и поради недоволната здравствена услуга, вели за А1он Мери Николова.
Покрај недоволната грижа за здравествената состојба на осудениците, вели Николова, внатре во затворот се внесува дрога токму преку вработените во затворот.
-Се жалат на митото и корупцијата во затворите каде пред 2 дена двајца инспектори се уапсени од кои што едниот бил главен командир на смена од групата на претреси каде при влез во затворот е пронајдена дрога. Нејасна е причината од каде и зошто сето ова се случува во затворите бидејќи самото име покажува дека ова служи за казнено попрани домови на затворениците каде треба да се спроведуваат 4 програми на осудените лица работа,школување, слободни активности и привремен отпуст, вели Николова.
Според затворениците вели Николова, внатре во казнено поправниот дом се плаќа дури до 1000 евра за слободен викенд кој го следува секој осуденик кој одлежал половина од доделената казна.
– Оние кои се посиромашни, поизмачени немаат средства да платат на оние кои се задолжени за примање на финанскиски средства и својата казна ја одлежуваат и до 80% и се уште немаат добиено слободен викенд . Ако е казната 12 години, имаме пример каде што тој 10 години нема излезено од затворот, додаде Николова која смета дека треба да се формира комисија за да се преиспитаат сите услови во затворите.
Од друга страна пак директорот на КПД „Идризово“, Живко Пејковски за А1он ги демантира овие информации кои доаѓаат од Мери Николова.
-Точно е двајцата се починати едниот е хронично болен од астма, беше исратен три недели на Пулмологија во Клиничкиот центар, а за другиот нема врска со никакво претепување, се работи за поголема количина на лекарства кои ги има испиено и најдобро е да ја почекаме обдукцијата. Смртните случаи немаат никакви врска ниту со нечовечки постапувања ниту со било какво претепување, негира Пејковски.
За дрогата која е пронајдена кај вработените во Идризово, Пејковски вели дека постапката која ја води МВР е во тек и дека двајцата чувари се суспендирани.
-Тоа што е најдено, постапката е во тек, двајцата се суспендирани и не можеме повеќе во овој момент да откриваме, рече Пејковски.
Виктор Јованов