Неопходно е на кутијата на лековите што ќе бидат предмет на паралелен увоз да се стават упатства за лекот што се наоѓа во кутијата, затоа што многу често се случува внатрешното упатство да се изгуби и пациентите да не знаат каков лек има во кутијата.
Ова се главните измени во делот на паралелниот увоз на лекови опфатени во Законот за лекови и медицински средства кои денеска ги образложи министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конфренцијата на која информираше за намалувањето на цената на лековите.
– Најзначајната промена која Законот досега не ја бараше, е тоа дека се бара сертификат (од производителот на лекот и од сертифицирана лабораторија од земјата која лекот го произведува или од наша соодветна лабораторија во земјава) за квалитет на лекот кој се увезува во нашата земја, истакна министерот Филипче.
Додаде дека има уште една промена во Законот во однос на тоа што и како може Агенцијата за лекови и медицински средства да прави постапки за набавка на лекови.