Два проекта за Кочани од Бирото за рамномерен регионален развој

Од:

Бирото за рамномерен регионален развој ќе ја поддржи реализацијата на два проекта во општина Кочани, коишто се однесуваат на изградба на спомен обележје, спомен парк на Никола Карев во месноста Свиланово,како и изградба на пат кон село Јастребник од месноста викана Мала Река до месноста Влашка Ораница.

Одлуката за подршка на овие прокети е донесена на седница на Советот за рамномерен регионален развој одржана во Скопје, чиј член е и градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, како претседател на Источниот плански регион.

На денешната прес-конференција Димитровски ја најави реализацијата на овие два проекта од кои изградбата на спомен обележјето на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската република ќе се гради како спомен парк кај месноста Свиланово, каде што во 1905 година херојски загина Карев со својата чета на пат за родното Крушево.

– Вредноста на овој прокет кој има региоанелен карактер и ќе се гради во соработка со општините Чешиново Облешево и Пробиштип изнесува 5 милиони и 700 илјади денари, додека за изградбата на најкритичниот дел од патот кон село Јастребник ќе бидат вложени 2 милиона денари, истакна Димитровски.

Реализацијата на овие два проекта ќе се спроведуваат преку општина Кочани и ќе бидат реализирани во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот