• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Два пожари во Крива Паланка

by А1он29/06/2017 - 21:09143
Share0

За неполни триесет минути денеска во Крива Паланка избувнале два пожари. Во едниот пожар се запалила шума, додека во вториот гореле вишнови дрвца.

Добивај вести на вибер

– Дојавата за првиот пожар ја примивма во 14 часот и 17 минути, за запалена шума во местото Мезовски ливади. Според мештаните пожарот бил предизвикан од искрење на жици од далновод, поради појавата на ветар. Интервениравме со едно возило и двајца пожарникари, информира Иле Коцевски, командир на Територијална противпожарна единица Крива Паланка.

Додаде дека опожарени се 1,5 декари багрем, а пожарот е изгаснат во 16 часот.

– Втората дојава ја добивме во 14 часот и 40 минути, за помалку од половина час по првата. Запалени се родни дрвца-вишни во населбата Белево. Постоеше опасност пожарот да се прошири кон домовите во близина,но мештаните реагирале експресно и го изгаснале пожарот. Опожарени се еден ар вишни, рече Коцевски.

И двата пожари се на имот во приватна сопственост.

Од ТППЕ Крива Паланка апелираа со оглед на високите температури кои владеат да се почитуваат законските норми, да не се пали оган на отворено, да се внимава при ракување со зашалливи материи и доколку забележат пожар на време да го пријават.

kriva-palankapozar

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он08/01/2026 - 16:4508/01/2026 - 17:56

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:21

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 17:3903/01/2026 - 17:43

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски30/12/2025 - 19:2630/12/2025 - 19:28

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски29/12/2025 - 07:0829/12/2025 - 07:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен