Два пожара во Скопје, повредени нема

Од:

Два пожара избувнале во изминатото деноноќие во Скопје. Повредени нема, причинета е само материјална штета.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во Долно Лисиче на улицата „12“ бр. 3 бил запален помошен објект и причинета е материјална штета од околу 120 илјади денари. Интервенирано е со пет пожарникари и две возила.

Вториот пожар бил на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ број 80 во Чаир, каде била запалена гаража и помошен објект. Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари со четири возила од 20:50 до 22:25 часот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања