А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Два нови случаи со мали сипаници во Куманово и Шуто Оризари

by А1он28/12/2018 - 20:11245
Share0

Два нови случаи со мали сипаници се лабораториски потврдени. Станува збор за дете на возраст од двеипол години од Куманово и жена на 32-годишна возраст од скопската општина Шуто Оризари. Овие случаи не се епидемиолошки поврзани, информира денеска на својата веб страница Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Од страна на епидемиолошките служби во Центарот за јавно здравје Скопје и Центарот за јавно здравје Куманово, како што се посочува, се преземаат активности и мерки на терен во однос на откривање на контактите, проверка на вакциналниот статус и нивно вакцинирање согласно правилникот и календарот за имунизација.

Со овие два случаи во текот на овој месец се регистрирани девет случаи со мали сипаници. Од нив седум (шест деца и еден возрасен) се од скопската населба Радишани, каде на 19 декември беше прогласена епидемија.

По алармантната бројка од 15.000 невакцинирани деца само во Скопје, министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција вчера рече дека тоа е сериозно висок процент невакцинирани деца.

-Категорично и енергично ќе стоиме на ставот дека децата во градинка и во училиште треба да се примаат само вакцинирани, бидејќи никој нема право да го загрозува здравјето на останатите деца, додаде Филипче.

sipanici

Би можело да ве интересира

Голема епидемија на најзаразниот вирус во САД и во Европа

Горан Наумовски20/05/2025 - 14:07

Во јуни 551 лице со овчи сипаници, памалку во однос на заболени во мај

Предраг Петровиќ13/07/2024 - 09:19

Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници

Ана Ололовска12/12/2019 - 14:54

ИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници

Ана Ололовска11/12/2019 - 11:13

Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце

Ана Ололовска11/11/2019 - 08:18

ИЈЗ: Невакцинирано дете заболено од мали сипаници, регистрирани 1.901 случај

Ана Ололовска05/11/2019 - 12:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен