Два лета на скопскиот аеродром откажани поради магла

Од:

Поради магла на Меѓународниот аеродром во Скопје до 15:00 часот се откажани ноќниот/утринскиот лет од/до Белград на „Air Serbia“ и летот до Фридрихсхафен на „Wizz Air“.

Како што информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје, утринскиот лет од/до Истанбул на „Turkish Airlines“ беше откажан, но за денеска беше најавен дополнителен лет (време на пристигнување во 15:20 часот, време на полетување во 16:05 часот од скопскиот аеродром).

Двата лета на авиокомпанијата „Wizz Air“ (Дортмунд и Малпенса) биле пренасочени кон аеродромот во Приштина.

Летот од Љубљана на „Wizz Air“, пак, бил пренасочен кон Софија.

– Сите други редовни летови се со одредено пократко или подолго доцнење, информираат од Меѓународниот аеродром во Скопје.

Би можело да ве интересира

Откажани летовите Скопје – Виена поради штрајкот во „Аустријан ерлајнс“

Годинава зголемен број патници на двата аеродроми во земјава, од јануари до септември реализирани 17.683 слетувања и полетувања

Британец сакал да изнесе четири килограми сребро и бижутерија, фатен на скопскиот аеродром

Од денеска на скопскиот аеродром три часа порано за чекирање на багажот

Отворена сезонска авионска линија Осло-Скопје

​Муцунски и „Комити“: ФК Вардар добива нов спортски терен во Аеродром