Два физички напада и еден приведен поради нарушување јавен ред и мир

Од:

Дваесет и едногодишник од Гургурница вчера во тетовската полиција пријавил дека околу 15 часот и 10 минути на паркинг во близина на зелениот пазар во Тетово, физички бил нападнат од непознато лице. Според пријавителот лицето излегло од патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, а на нападот му претходела нивна меѓусебна вербална расправија.

-Дваесет и деветгодишник од Челопек пријавил дека дека околу 18 часот и 30 минути во селото физички бил нападнат од Љ.К.(30) од истото село.Се расчистува и документира случајот, информира денес СВР Тетово.

Вчера (27 април) околу 13 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот Г.С. од тетовско Жеровјане, кој претходно го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување. По целосно расчистување и документирање на случајот против Г.С. ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари