А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Два дена без починати од Ковид-19, Скопје на врвот на заболени во државата

by А1он26/05/2020 - 07:3826/05/2020 - 08:41688
Share0

Во изминатите два дена не се регистрирани починати од коронавирусот во државава, а се бележи минимален пад на бројот на заразени, кој вчера достигна 21, а завчера беше 37.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вкупната број на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 447.

Скопје и натаму е на врвот на заболени во државава на дневна основа, но и со вкупниот број дијагностицирани – 725 случаи и 204 активни случаи, а по него следат Куманово со 436 случаи и 35 активни случаи, Прилеп со 210 случаи и 46 активни случаи, Тетово со 177 случаи и 82 активни случаи, Велес со 127 случаи и 41 активен случај…

Во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на Ковид -19. Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени во рамки на скринингот на вработените во градинките, а завчера е регистриран и еден позитивен случај во Геронтолошка установа во Скопје.

Следете a1on на Youtube YouTube

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 21 пациент од кои шест се на респиратор, а уште шест се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот ФБ профил во врска со верските собири напиша дека коронавирусот ниту е мртов, ниту е заминат, тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува се додека има такви кои го ингнорираат.

– Многу пати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките, потенцира Филипче.

Тој истакна дека фотографиите и прилозите од завчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки.

– И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи. Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред се и над се, посочи Филипче и им се заблагодари на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради тие кои тоа не го прават.

Препораките за заштита од коронавирусот граѓаните и натаму треба да ги почитуваат и да не се групираат, задолжително да носат заштитна опрема (маска, марама) со која ќе им бидат покриени устата и носот, редовно да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат и да држат дистанца од два метра.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео