Два автомобила оштетени, две лица повредени и шестмина приведени на прославата за „Вардар“

Две патнички возила се оштетени, а две лица се повредени при вчерашната прослава по повод победата на РК „Вардар“ на плоштадот „Македонија“. При тоа полицијата приведе шест лица.

-На 2 јуни 2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“. За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило “ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Другото возило „шевролет спартк“ сопственост на МВР е оштетено на ул. „11 Октомври“ пред Собранието на РСМ, додека Т.П. (17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете.

Од МВР наведуваат дека приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.

Би можело да ве интересира

Повреден рудар од пробиштипско Трипатанци

Ана Ололовска

Гостиварец и дебранец го нарушиле јавиот ред и мир во Дебар

Ана Ололовска

Физичка пресметка кај Житен пазар во Кичево

Ана Ололовска

Познат идентитетот на параглајдеристите кои беа извлечени од Галичица

Ана Ололовска

Прилепчанка пријавила силување од страна на поранешно момче

Ана Ололовска

Кривична пријава за струмичанец за насилство во угостителски објект

Ана Ололовска