ДВ: Македонија очекува покана за членство на следниот самит на НАТО

Од:

Како што објави денеска „Дојче веле“, Македонија се надева на покана за членство во НАТО на следниот самит во јули. Списокот на гости за тој самит е предмет на внимание бидејќи на такви настани на највисоко ниво се испраќаат и покани за членство.

Според медиумите се уште е неизвесно дали Грција ќе прифати влез на Македонија во НАТО под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Сепак, додаваат тие односите се релаксирани по смената на власта во Скопје.

Ескпертот за Балканот од Универзитетот Џон Хопкинс, Даниел Сервер за ДВ изјави дека ЕУ и САД треба да направат повеќе за да се реши спорот со името врз основа на Времената спогодба од 1995 година. Според спогодбата, на Македонија треба да ѝ биде дозволено влез во НАТО под референцата, што е потврдено и од Меѓународниот суд на правдата.

– Европјаните и Американците би требало на Грција да и кажат тоа да го прифати, вели Сервер за ДВ.

Сепак, според Џемс Меки, шеф на Канцеларијата за евроатланско и глобално партнерство во НАТО, не е само несогласувањето околу името пречка за влез на Македонија во НАТО.

– Сме виделе и назадување во прашањата на демократијата и владеењето на правото во поглед на дејствување на безбедносните и разузнавачки служби, изјави тој за ДВ и додава дека новиот македонски премиер се обврзал на реформи во тој поглед.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ