Дурловски: Доколку сум знаел за вакво сценарио за 27 април, осудете ме

Од:

Доколку најдете доказ за било какво мое учество, планирање, намера да бидам дел од некакво сценарио за 27 април осудете ме. Не барав амнестија затоа што сум смел, туку дека не сум виновен изјави оперскиот пејач, Игор Дурловски на завршните зборови за крвавиот четврток.

Дурловски истакна дека на 27 април 2017 ја испеал химната на Република Македонија и заминал со неговиот син да гледа ракомет во спортската сала „Јане Сандански“. Откако видел на интернет дека граѓаните влегуваат во Собранието, Дурловски се вратил.

-Ако за тоа што сум бил во Собранието заслужувам казна како што вели обвинителството, тогаш осудете ме. Освен мое присуство таму, друго нема што да утврдите, вели Дурловски.

Оперскиот пејач е обвинет дека за време на протестите на „За заедничка Македонија” држел потпалувачки говори и дека протестирал за материјална корист. Дурловски пред судот го негираше ова велејќи дека е навреден од обвиненијата и дека се обични лаги и невистини.

-Колку што ова ме навредува, колку што сакам на цел глас да викнам дека се лаги и измислици и колку е непоимливо, гротескно она што го говорат за мене дека ме плаќаат да протестирам, во името на правдата, а не на мојата повредена личност, ве замолувам да се запрашате дали сум имал намера или водел разговори за насилство на 27 април. Дури и да сум најнеморалната личност, дека сум измамувал десетици илјади луѓе, запрашајте се дали постои 1 доказ дека сум знаел што ќе се случува на 27 април. Јас верував и се уште верувам во кауза. Се плашев за иднината на мојата земја и се уште се плашам дека државата ми ја украде татковината. Може да ви се гадам, но не може поради тоа да ме осудите, рече Дурловски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Игор Дурловски доби ослободителна пресуда

Ана Ололовска

Кољо: Политичарите нè изманипулираа со „тиранската платформа“

Сандра Бошковска

Обвинетиот Трајковски за 27 април: Барам да ми судите за тоа што сум го сторил, но не за тероризам

Завршни зборови за 27 април

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Сандра Бошковска

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Сандра Бошковска