Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Од:

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера, заедно со претседателските, во Дебар. Дука освои 50,9 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Арбен Аголи од Алијанса за Албанците освои 46,77 отсто од гласовите.

Вчера се бираше градоначалник и во Охрид и во Ново Село. Таму ниту еден од кандидатите не успеаја да соберат 50 отсто од гласовите и на 5 мај ќе се одржи втор круг.

Во Охрид во вториот круг влегуваат кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Констатин Гоергиевски (13.037 гласа) и Митре Милошевски (10.614 гласа).

Во Ново Село кандидатот од ВМРО- ДПМНЕ Николчо Стоилков води со 2.753 гласа, наспроти кандидатот на СДСМ Никола Ангелов со 2.693 гласа.

Во Дебар и Охрид се одржаа предвремени локални избори поради смртта на поранешните градоначалници Ружди Љата и Јован Стојановски.

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, пак, даде оставка од, како што рече, морални причини откако беше осуден на 18 месеци затвор за шверц на цигари. Апелацискиот суд му ја намали казната на 6 месеци.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?