ДУИ: За законот за бранителите нема да се договараме и не се шегуваме за ова прашање

Од:

„ДУИ не мисли да се шегува со ова прашање и сакам да ве уверам дека нема да се договориме“, вака Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ДУи, го продолжи вчрашниот маратон во дебатата за законот за бранителите на нивниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе ги искористиме, рече Џафери, сите можни институционални средства за да не може да помине овој закон. На ВМРО-ДПМНЕ им порача дека имаат две алтернативи, законот да го дополнат и оние права кои штп важат за бранителите и нивните семејства да важат и за поранешните припадници на ОНА или пак да го повлечат законот.

Џафери кажа дека и другите партии на Албанците ќе одат по нивните чекори за да не се донесе законот.

И додека Џафери на долго и широко ги читаше и образложуваше членовите од Уставот и Рамковниот договор, другите пратеници читаа весници, ја проверуваа поштата, дебатираа за се и сешто, па дури и неговите сопартијци.

Џафери вчера три часа дискутираше, а најави дека има кондиција и за многу повеќе.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Банкината им е споменик на загинатите крај Карпалак и по 22 години: Петровска ќе бара дозвола од Желино да постави спомениик

Орце Костов

Заев: Поддршка за семејствата на загинатите бранители

Наум Локоски

Ангелов: Лажниот патриотизам на Никола Груевски

Ана Ололовска