ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Жедна за власт, ВМРО-ДПМНЕ континуирано го оспорува меѓуетничкиот соживот и толеранција, предизвикувајќи збунетост во мислењето дека токму оваа партија може да одлучи која албанска партија е достојна за владејачко партнерство, велат од ДУИ.

– Потпретседателот на ВМРО, Александар Николовски, во изјава за медиумите рече дека „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна“. Ги информираме ВМРО и неговите деривати во албанската опозиција дека граѓаните се главните партнери на Демократската унија за интеграција, а граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе ја води Владата во следниот мандат.

Во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани и во страв од длабоката победа на идниот претседател Бујар Османи и на Европскиот фронт, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник, сакајќи да ја минимизираат секоја промена што и се случи на државата и на граѓаните.

Европскиот фронт е сериозна коалиција со голема одговорност чија основна задача е да го трасира европскиот пат на државата и да не игра игри со зборови кои од политички причини ја доведуваат во прашање иднината на државата и нејзините граѓани.Истовремено, апелираме до македонската и албанската опозиција, ДУИ – на 8 – ми мај, да биде во позиција да го избере партнерот во власта, а не ВМРО, бидејќи Европскиот фронт ќе надмине +20 пратеници – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански