ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Од:

Демократската унија за интеграција уште еднаш ја изразува длабоката индигнација за намерното и неоправдано молчење на Владата во врска со антиуставната и незаконска одлука што ги дискриминира општините со мнозинско албанско население и ја исклучува дијаспората од официјалното пресметување на бројот на населението, пишува во денешното соопштение на партијата.

Поминаа неколку дена откако беше јавно обелоденето намалувањето на бројот на советници во повеќе од 20 општини, во кои практично е избришана дијаспората, а Владата сè уште нема дадено никакво објаснување, никакво извинување, ниту пак знак за поправка, велат од ДУИ.

„Нивното молчење е јасен доказ дека институционалната дискриминација се случува со целосна намера и со благослов од Владата. Денес, јавноста знае дека оваа одлука е донесена во септември 2024 година, со која еднострано и неправедно е исклучена дијаспората – главно албанската дијаспора – при што процентот на Албанците е вештачки намален од 29,5% на 24,3%.

Оваа изманипулирана бројка не го претставува реалниот демографски состав. Таа служи како алатка за деформирање на застапеноста на Албанците во локалните институции, за да нè направат помалку видливи, помалку важни и помалку застапени.

Уставниот суд веќе утврди дека оваа одлука е спротивна на Уставот. Сепак, Владата продолжува да молчи, а албанските претставници во Владата, кои наводно се таму да ги застапуваат нашите интереси, молчат ревносно, тивко и понизно.

Да бидеме јасни: овие миленици на премиерот не се таму за да ги бранат граѓаните, туку за да го нормализираат понижувањето, да ја амортизираат неправдата, да го замолчат албанското мнозинство и да ги олеснат наредните дискриминаторски политики.

Но ова нема да помине. ДУИ нема да молчи и нема да толерира ниту еден обид за казнување на албанските општини и за бришење на дијаспората од институционалната мапа на државата. За ова прашање веќе имаме преземено конкретни чекори.

Демократската унија за интеграција останува цврсто посветена, преку сите правни, институционални и демократски инструменти, да ја запира оваа дискриминаторска практика и да обезбеди правична застапеност за секој граѓанин, без исклучок, каде и да живее, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија