ДУИ урна закон на Владата

Од:

Верувале или не, Закон предложен од Владата не доби подршка во Собранието. По острата дебата, коалицискиот партнер ДУИ гласаше против, а опозицијата беше воздржана.

ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ , немаше мнозинство за да се изгласа зконот.

Барањето на пратениците од опозицијата беше преку амандман да се овозможи поголема транспарентност на доделувањето на субвенциите .

Опозицијата укажа на низа примери за притисок и нетранспарентно и незаконско доделување на субвенции.

Ден по завршувањето на првата надзорна расправа за земјоделство, во Факултетското земјоделско стопанство Трубарево , министерот испратил инспекција. Овој случај на надзорната расправа беше посочен како пример за исполнување на сите услови за добивање на субенции но и покрај тоа три години по ред никако да ги добие парите. Зборувајќи за измените на Законот за земјодeлство и рурален развој, обвини вчера пратеникот од СДСМ Горан Сугаревски

„Наместо на Факултетското земјоделско стопанство да му се исплатат тие 200. 000 евра,  колку што до сега требало да добие и за кое има судско решение, вие министре му пративте утредента инспектори. Што е ова заплашување, начин на дисциплинирање на земјоделците и агробизнисмените“,праша Сугаревски.

Министерот се огради од нападите на негова адреса со образложение дека одлуката кој и колку пари ќе добие зависи единствено од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој
„Министертвото дава само на барање на апликантите издава потврда за платени давачки кон државата. Не сум јас тој што испратил инспекцијата во Факултетско стопанство Трубарево, бидете сигурни во тоа “,  му одговори министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ, пак обвини дека СДСМ  ги злоупотребува земјоделците и дека во нивно време немаат ништо направено. Откога е владата на Груевски само од субвенциите за тутунот во општина Прилеп влегуваа 40 милиони евра, се пофалија пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити