ДУИ: Тошковски го амнестираше полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме

Од:

Одлуката на Министерството за внатрешни работи да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи Албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците во Северна Македонија. Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права, велат од ДУИ.

„Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и на министерот Панче Точковски, туку и на нелегитимните албански претставници во Владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците.

Заменик-министерот за внатрешни работи и претставниците албанци избрани од ВМРО-ДПМНЕ, кои денес се дел од оваа Влада, покажаа целосна неспособност да го претставуваат и бранат својот народ, станувајќи гаранти на неправдата и дискриминацијата.

Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците. Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство. Оваа состојба не може повеќе да се толерира. Албанците се изморени од манипулациите, празните ветувања и предавствата на своите претставници, кои продолжуваат да делуваат во личен интерес наместо да ги бранат правата и интересите на својата заедница. Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата