ДУИ: Се формира достоинствен, национален и граѓански фронт кој бара еднаквост, стабилност и иднина за сите

Од:

Во време кога граѓаните очекуваа резултати, стабилност и достојна европска перспектива, Владата на Мицкоски продолжува да јава на бранот национализам што го јавнаа за време на изборите, и веќе цела година нуди само пропаганда, поделби, понижување и неуспех. Со ова, без малку веќе цела година, државата наместо да се движи напред, таа станува сѐ позаробена и сѐ повеќе внатрешно поделена. Иако најавен како приоритет број еден, процесот на интеграција во ЕУ е целосно блокиран, без никаков план или било каква предвидлива перспектива за негово одблокирање, велат од ДУИ.

„Нашите граѓани немо гледаат како Албанија, Црна гора, но веќе и другите земји од истокот фаќаат чекор со новата европска реалност и чекорат сигурно напред кон полноправно членство во Унијата. Во исто време, Мицкоски и неговиот најблизок круг, наместо да честитаат на успехот на соседот, тие го засилуваат антиалбанскиот сентимент, навраќајќи се на некакви нивни лични предвидување дека „Албанија никогаш нема да стане дел од ЕУ“.

Наместо инвестиција во зајакнување на меѓу етничките односи, како клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата, Мицковски и неговиот најблизок круг ја засилуваат антиалбанската реторика, која преставува континуитет на нивната изборна мантра за „сместување на Албанците кај што им е местото“.

Овој опасен моноетнички проект во кој Мицкоски го вклучува и обвинителството, судството, олигархијата, дел од невладиниот сектор, длабоко ја дели и поларизира јавноста, процес кој ќе остави долгорочни последици во разнебитување на внатрешното ткиво на земјата.

Економскиот развој постои само во пропагандата на Власта, која ги извитопери сите статистички индекси само за да прикаже некакви позитивни бројки на хартија; во исто време граѓаните во реалноста секојдневно се справуваат со сѐ високи цени, ниски плати и масовно иселување на младите. Социјалната правда не само што е етнички заробена, туку е и маргинализирана и институциите не одговараат на основните потреби на граѓаните. На Мицкоски му остана да ја одржува својата политичка позиција со лажен патриотизам, евтин национализам и застарена реторика инспирирана од времето на Милошевиќ. Оваа Влада е подготвена да направи сѐ за да го прикрие очигледното: недостаток на визија, знаење и храброст да се решаваат реалните предизвици на државата.

Но, Албанците се обединуваат. Наспроти оваа антиевропска и антиалбанска влада се формира достоинствен, национален и граѓански фронт кој бара еднаквост, стабилност и иднина за сите. Дури и најжестоките политички противници ги оставаат настрана разликите за да го бранат достоинството, националниот интерес и да им го обезбедат на граѓаните она што тие го бараат: пристојна почит и европска перспектива. Остатоците од Влен во Владата сѐ уште се водат од привилегиите со кои Мицкоски ги држи фатени од власта. Тие ќе останат како последни фигури на една период во заминување, период кој Албанците ќе го паметат по на понижување на нивното достоинство и блокирање на нивните аспирации.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене

Горан Наумовски

ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски