ДУИ: Премиерот денес потврди: Државата е заробена

Од:

Загрижувачка и скандалозна е денешната изјава на премиерот во Парламентот, кој во својата ароганција јавно потврди она што граѓаните веќе знаат: државата е заробена! Наместо владеење на правото, постои само еден закон – „неговиот закон“, законот на партијата која ги узурпира институциите и која ј третира државата како приватна сопственост, велат од ДУИ.

„Наместо да го почитува Уставот и законите на земјата, премиерот јасно кажа дека тој самиот одлучува што е право и правда, кршејќи ги основните принципи на демократијата и правната држава. Ова е отворено признание дека државата повеќе не функционира според законските норми, туку според волјата на една партија која диктира сè на институциите.

Денес премиерот јасно кажа: нема држава, нема устав, нема закони – постојат само произволни одлуки на една партија која зароби сè. А додека министерот за внатрешни работи, кој е одговорен за превенцијата на трагедијата во Кочани, слободно парадира, поранешниот министер за економија е во затвор, иако никогаш не бил во Кочани. Ова е класичен пример за селективна правда и заробени институции. Премиерот денес со својата уста го потврди: државата е заробена“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски