ДУИ одржа изборен митинг во Дебреште

Од:

ДУИ попладнево одржа изборен митинг во Дебреште, општина Долнени на кој лидерот на партијата Али Ахмети вети многу проекти за подобрување на животниот стандард.

Пред своите сограѓани актуелниот градоначаник и кандидат за овие локални избори Абдул Бајрамоски потсети на реализираните проекти во изминатите четири години ставајќи го акцентот на селата во кои живеат граѓани од албанска националност Дебрешта, Лажани, Житоше, Црнилиште и Десово. Според најавите овие пет села ќе бидат во фокусот на изборната програма на Бајрамовски и за следните четири години.

– Имаме реконструкција на водовод, на цевковод на стар водовод во населените места Дебриште во вредност од 90 илјади евра водовод за кој целата документација е завршена и се чека изградбата. Планирана е и изградба на прочистен цевковод во село Житоше со резервоар, со вредност од 107 милиони евра, рече Бајрамоски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика граѓаните од петте села населени претежно со население од албанска националност да гласаат за Бајрамовски.

– Јас мислам дека овде во Црнилиште, Житоше, нема да згрешите ако му го дадете вториот мандат на сегашниот градоначалник и кандидат за иден градоначалник, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември