ДУИ, НД и НДП со заедничка листа кандидати за членови на Советот на општина Битола

Од:

Општинските ограноци на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Нова демократија (НД) и Национална демократска преродба (НДП) на локалните избори ќе настапат со единствена листа и заеднички кандидати за членови на Советот на општина Битола.

Како што соопштија денеска на прес-конференција, промоцијата на кандидатите и носителот на листата Африм Јусуфи ќе биде одржана утревечер во големата сала на НУ Центар за култура-Битола, на која ќе присисутвуваат и претставници на централните раководства на трите партии на Албанците.

– За овие локални избори успеавме да постигнеме договор каков што не бил склучен цели 23 години или од кога постои плурализам на албанската политичка сцена во Битола. Младината влијаеше врз одлуката да се обединиме и затоа на овие избори излегуваме со единствена листа и со цел да обезбедиме места во Советот на општина Битола и да бидеме дел од политичките збиднувања во нашиот град, истакна Алмира Кораќ, портапрол на ДУИ.

Листата кандидати за советници од редовите на ДУИ, НД и НДП е комбинација на млади, искусни и почитувани лица во својата средина и заедницата.

-Ќе понудиме максимално позитивна и мирна кампања без навреди. Ќе ги промовираме идеите за развој на општината и да влијаеме за ефикасно решавање на проблемите на локално ниво, истакна Ќани Џезаири, претседател на огранокот на Нова демократија во Битола.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618