ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Од:

Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена, тврдат од партијата.

„Неговата последна изјава – во која јавно сугерира со кого треба да коалицира Арбен Таравари – претставува опасен и неприфатлив обид за реконфигурирање на политичката волја на албанските гласачи. Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да биде дозволено да се премине.

Никој, а најмалку Христијан Мицкоски – политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го дизајнира албанското политичко претставување. Овие негови постапки не се само навреда кон политичката зрелост на Албанците – тие се директно поткопување на неговата позиција како премиер.

Тој веќе го има загубено кредибилитетот да биде долгорочно решение во една мултиетничка држава. Историјата нема да го запомни како државник, туку како човек – кој се обиде привремено да ја узурпира власта преку национализам, но не успеа – затоа што неговиот политички „софтвер“ не е компатибилен со мултиетничкиот „хардвер“ на оваа држава.

Албанското политичко претставување произлегува исклучиво од волјата на граѓани Албанци– автентично, достоинствено и слободно. Тоа не е предмет на пазар, дизајн или политички инженеринг од политичари кои неспособноста да раководат ја покриваат со омраза и се плашат од мултиетничноста наместо да ја прифатат како вредност. Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Платите во јули пораснаа за над 10,5 отсто споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени, вели Мицкоски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека