ДУИ: Мицкоски целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството

Од:

Во Република Северна Македонија, Премиерот целосно го зароби правосудниот систем, обвинителството и судството. Тој ја диктира динамиката на процесите, јавно ги определува осомничените и виновните уште во првата фаза, дури и пред обвинителството да започне истрага. Тој на јавна сцена демонстрира незаконска политичка моќ да го контролира процесот на разрешување и запирање на разрешувањето на јавниот обвинител, не штедејќи притоа и закани за уличен јавен линч, велат од ДУИ.

„Истражувањето на трагедијата во Кочани претставува најгротескен пример на селективна правда што некогаш се случил во земјава. Овој процес се претвори во карикатура на правна истрага, каде што сите се виновни, освен ако се од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа сериозна состојба бара активирање на сите механизми за да се спречи целосното пропаѓање на правната логика, што ќе има непоправливи последици врз политичкиот развој на општеството и неговата усогласеност со принципите и вредностите на Европската Унија. Република Северна Македонија е кандидат за членство во Европската Унија, и затоа ќе ја повикаме Европската комисија преку тим експерти одблизу да ја следат оваа фарса од истрага, каде што Власта обвинува сѐ околу себе за да ги заштити оние кои биле одговорни да ја спречат оваа трагедија.

Само како пример: во група на верижни виновници веригата чудно не го опфаќа и Министерот за внатрешни работи, кој 13 месеци пред трагедијата бил запознаен со постоењето на нелегален ноќен клуб што ги прекршувал сите можни безбедносни стандарди, како и Државниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои не презеле никакви мерки. Напротив, токму одговорниот Министер го гледаме како секојдневно ни ги преставува сите други виновници кои треба да го ослободат дури и од моралната политичка одговорност. Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ќе ѝ помогне на собраниската комисија која веднаш треба да биде воспоставена под меѓународен надзор. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на Европската Унија, и тие мора да бидат заштитени и во Република Северна Македонија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Не може да има функционална држава и праведно општество без сеопфатен процес на ветинг со меѓународен надзор, велат од ДУИ