ДУИ ја поздрави поканата на Црна Гора за членство во НАТО

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува одлуката на Североатлантската алијанса – НАТО за формална покана на Црна Гора за  членство во НАТО.

Како што стои во денешното соопштение, ДУИ цени дека тоа е најправедниот и најсигурниот пат за долгорочен мир и стабилност за сите народи  и држави во регионот.

– За жал, Република Македонија неколку пати ја губи оваа шанса, поради спорот за името со Грција. Сепак, ДУИ и понатаму ќе даде свој безрезервен придонес за побрзо решавање на овој спор, се со цел и нашата држава да биде дел од оваа голема политичко – воена алијанса, се наведува во соопштението од ДУИ.

За ДУИ, интегрирањето на Македонија во НАТО и ЕУ остануваат едни од главните приоритети, без кои, се наведува, не може да има демократски напредок во земјата и регионот.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Москва е загрижена од плановите на НАТО