ДУИ: Изборите фер и демократски, да се почитува волјата на гласачите

Од:

Првичната оценка на Демократската унија за интеграција е дека денеска одржаните локални избори биле фер и демократски и оти изборниот ден поминал мирно, изјави шефот на Изборниот штаб на ДУИ Абдилаќим Адеми.

ДУИ, според Адеми, очекува фер и демократски, согласно законите, да се одвива и прибирањето на гласовите, нивното сумирање и објавување.

– Гласовите, односно волјата на граѓаните треба да се почитува и победниците на овие гласови треба и понатаму да работат за сите граѓани на Република Македонија без разлика кој гласал или не гласал. Очекуваме како и претходните, така и овие избори да бидат прифатени од сите политички партии, рече Адеми.

Тој посочи дека имало неколку забелешки во текот на денот за избирачките списоци, односно нивни гласачи се јавувале дека не се на списоците, но, рече, тоа е работа на државните институции како што е ДИК.
– Се надевам дека во иднина овие проблеми нема да ги имаме, посочи Адеми.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?