ДУИ бара партиите да се усогласат за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, АА и Алтернатива сѐ уште без став

Од:

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаа средби со свои колеги од ДУИ и од Алијансата на Албанците за поддршка на нивната резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми изјави дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии за да се осигураат дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ.

-Не треба да правиме ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата. ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање. Следствено цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Халил Снопче, од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива изјави дека ги слушнал образложенијата на неговиот собраниски колега и оти останува тоа да го пренесе во партијата.

– За нас е важно како партија е Македонија да продолжи со интегративните процеси. Нашата Влада и целокупното општество во државата да се продолжи со залагањата за интеграција во ЕУ, тоа е главна цел за државата. Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија. Препорачуваме до Владата да биде внимателна, изјави Снопче.

Изрази надеж дека за резолуцијата ќе има дебата во Собранието.

-Има еден проблем. Ние имавме изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека оваа резолуција и штети на меѓународните тенденции на земјата, но исто така имавме и изјава на пратеникот од СДСМ Костадинов дека оваа резолуција е добра. Логично би било партиите на власта да имаат заеднички став, рече Снопче.

ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, која што се уште е во дрфат верзија, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена. Начелна поддршка доби од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски