ДСЗИ: Ништо нема да влијае на утврдувањето на фактичката состојба во Санте Плус

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат реагира по обвинувањата од болницата „Санте плус“, дека неговите соопштенија се тенденциозни и субјективни со што се нарушува нивната репутација.

ДСЗИ констатираше недостатоци во работата на „Санте плус“ по извршениот инспекциски надзор, откако во болницата почина родилка од Кичево.

Од Инспекторатот велат дека неговите постапувања се исклучиво согласно закон и законските надлежности. Ги отфрлаат како манипулативни обвиненијата дека има за цел да ја наруши репутацијата на приватната болница. ДСЗИ, посочуваат, нема намера да нарушува ничија репутација, но сигурно и понатаму ќе ја врши својата должност пропишана со закон.

„Реакциите со кои се коментираат соопштенијата и постапувањето на ДСЗИ и претставувањето дека некој е оштетен и жртва, ги сметаме за вршење директен притисок врз работата на Инспекторатот. Со оглед дека се уште не е завршен инспекцискиот надзор, како и стручниот надзор, би замолиле за воздржување од произволни коментари и притоа напоменуваме дека ништо нема да влијае на утврдувањето на фактичката состојба, а кое е во интерес на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Од ДСЗИ наведуваат дека нема понатаму преку медиумите да полемизираат во врска со предметот, туку по завршување на надзорот од страна на ДСЗИ, како и по завршување на работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на министерот за здравство, ќе излезат со конечна изјава во врска со случајот.

Би можело да ве интересира

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Затворени кујните во шест училишта во Карпош по појавата на салмонела

Инспекцијата влезе во Психијатриската болница Бардовци откако се појавија видеа со тепање пациенти

Катерина Ѓуровски