ДС: Враќање на опозиционерите во парламентот и лидерска средба

Од:

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии на дијалог, обединување и градење на консензус заради иднината на Република Македонија.

„Оваа година се наполнуваат 100 години од Букурешкиот договор со кој Македонија и македонскиот народ беа поделени на три дела, меѓудругото и како резултат на немање единство и лидерство кое ќе ги препознае националните интереси на македонскиот народ во тоа време“, велат од Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов.

Од партијата повикуваат да продолжи со работа законодавниот дом во полн состав, да се дефинираат приоритетите за обезбедување на одржлив економски развој и макроекономска стабилност, да се усвои Стратегија за деблокирање на евроинтеграциските процеси, јакнење на демократските институции и слобода на говорот, да се усвои заедничка Платформа за надминување на спорот со Република Грција, да се донесе Програма за приоритетите сврзани со националната безбедност и борбата против организираниот криминал.

Демократскиот сојуз предлага одржување на лидерска средба на која ќе се разговара за сите овие и други битни прашања и за истите да се постигне консензус.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски