Демократскиот сојуз предлага медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, при претстојната посета на Македонија и на Грција, покрај разговорите со државниот врв, на заедничка средба да ги информира и сите парламентарни политички партии за досегашниот тек на разговорите, за неговите идеи и предлози за решавање на проблемот, како и за отпорите и проблемите со кои се соочува.
Демократскиот сојуз смета дека на тој начин сите партии ќе преземат дел од одговорноста околу постигнувањето евентуален компромис и во иднина овој спор нема да го користат за политички маркетинг.
– Оваа иницијатива е во согласност и со Меморандумот за евроинтеграција на Република Македонија, кој наскоро треба да го потпишат политичките партии, се наведува во соопштението од ДС.