ДС: ДИК не го прочисти Избирачкиот список

Од:

„Врз основа на анализата за обемот на сомнителните гласачи (над 300.000 ), како и досега завршените вкрстени проверки, повеќе од сигурно е дека ДИК не успеа да го прочисти избирачкиот список, како еден од најбитните услови за одржување на изборите и спречување на можностите за повторување на изборниот фалсификат од помилуваните со одлуката на Ѓорге Иванов.

Со вкрстените проверки ниту еден фантомски гласач не е отстранет од избирачкиот список, туку за тоа треба управна постапка, а иста е состојбата и за тие што се иселиле од Македонија, како и ново креираните гласачи.

Демократскиот сојуз го повикува Трајко Вељаноски да не ги распишува изборите. Наместо избори,Трајко Вељаноски треба да го прифати барањето на пратениците и да свика вонредна седница на Парламентот.

Со одлагање на изборите и свикување седница на Парламентот ќе се создадат услови за институционално да се отворат сите прашања сврзани со изборите, како и за самоволието на Ѓорге Иванов.

Демократскиот сојуз очекува Државната изборна комисија денес да ја информира јавноста дали има услови за избори или не“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште